Ракометната федерација на Македонија им се заблагодарува на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска

46
Ракометната федерација на Македонија им се заблагодарува на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска

Во пресрет на натпреварот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија, Ракометната федерација на Македонија им оддаде признание и искрена благодарност на три истакнати репрезентативки кои ставија крај на својата репрезентативна кариера: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска.

Во знак на почит за нивниот придонес кон македонскиот ракомет, на пригодна церемонија им беа врачени врамените дресови од страна на претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски, како и легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ.

РФМ им изразува искрена благодарност за професионализмот, пожртвуваноста и посветеноста што ја покажаа во дресот со националниот грб. Нивниот пример ќе остане инспирација за идните генерации ракометарки.

Ви благодариме, Јована, Елена и Симона!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА КАРПОШ СО УШТЕ 580 НИСКО СТЕБЛЕСТИ РАСТЕНИЈА
Следно соопштениеКостадинов: Нов парк, спортска зона, безбеден сообраќај и силна поддршка за граѓаните, развојот на Валандово да продолжи