Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација – Ракометна Федерација на Македонија

120
Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација – Ракометна Федерација на Македонија

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим. Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на овогодинешното Европско првенство во ракомет за жени кое ќе се одржи Австрија/Унгарија/Швајцарија во периодот 28.11-15.12.2024 година.

Претседателот Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНиколоски за израелскиот мешетар: Не добивме одговор дали е плаќан со кеш од тендерите РЕК Битола, а за фалсификатите СДС треба да се свесни дека ќе одговараат, ова нема да остане така
Следно соопштениеКовачевски: Денес за прв пат една просечна и една минимална плата покриваат потрошувачка кошничка