Реакција: Расте бројот на поддржувачи на штетните патријархални вредности, а со тоа и бројот на манипулациите околу сеопфатното сексуално образование

74
Реакција: Расте бројот на поддржувачи на штетните патријархални вредности, а со тоа и бројот на манипулациите околу сеопфатното сексуално образование

Слободата на говор не смее да биде изговор за манипулирање и клеветење ниту, пак, за поттикнување омраза кон ЛГБТИ младите кои се дури 4 пати повеќе изложени на насилство

По неодамнешната лага пласирана од Гордана Гоџо, претседателка на здружението „Од нас за нас“, завчера следуваше најава за протест на новоформраната организација „Родителски фронт“ од Струмица во која содржини од предметот Образование по животни вештини повторно се доведуваат во корелација со сеопфатното сексуално образование (ССО) и со работењето на ХЕРА. Намерата е тенденциозна бидејќи се базира исклучиво на шпекулации и непоткрепени наводи, што се потврдува и со обраќањето на претставничката на организацијата на самиот настан.

Фактите укажуваа дека предметот Образование по животни вештини е воведен како изборен во средното образование во 2011 година, а владината одлуката за пилотирање на ССО е донесена дури во 2019 година. Оттука констатираме дека не само што продолжува, туку и се засилува тенденцијата да се креира слика за ССО со наставни материјали коишто не се дел од реформите во образованието, но и да се руши угледот на ХЕРА како организација која над 20 години застапува за подобар пристап до услуги и информации за сексуалното и репродуктивното здравје.

Истражувања, пак, укажуваат дека во Република Северна Македонија младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата и дека младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дека меѓуврсничкото насилство е меѓу најзастапените форми на насилство во училиштата, а насилството кон ЛГБТИ младите секојдневие потврдуваат и самите средношколци кои не се дел од оваа заедница.[2]

Имајќи го предвид ова, но и фактот дека над 80 % од населението не сака да има ЛГБТИ човек за сосед, сметаме дека е не само лицемерно туку и крајно неодговорно родители коишто за себе велат дека се грижат за децата, истовремено да сеат паника и страв и со своите организирани активности уште повеќе да поттикнуваат говор на омраза и предрасуди против една од најстигматизираните групи на граѓани во земјава. Зарем ЛГБТИ младите не се исто така деца за кои треба да се грижиме?

Во држава со високо ниво на корупција, растечка сиромаштија и нефункционални институции, најлесно е на грбот на најранливите сограѓани да се навлече гневот иако токму тие се оние коишто најтешко – ако и воопшто! – можат да ги остварат своите најосновни права и да живеат безбедно!

Токму затоа, повторно апелираме до сите граѓани, а особено до родителите и младите, да не ги земаат здраво за готово информациите за сеопфатното сексуално образование и за образовните реформи и да не потпаѓаат под влијание на организираното антиродово движење во земјава кое е далеку од автентично и грижливо, а сѐ посилно во намерата да ги заштити штетните патријархални вредности на сметка на човековите права и сексуалните и репродуктивните слободи на сите граѓани.

[1] Ќостарова-Унковска, Л., Имаме ли победник? Родови нееднаквости во здравјето и животните перспективи на адолесцентите од Северна Македонија Наоди од Студијата – Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) HBSCM http://coalition.org.mk/wpcontent/uploads/2019/11/margini_neednakvosti_final.pdf

[2] https://hera.org.mk/istrazhuvane-nasilstvoto-vrz-lgbti-mladite-e-nevidlivo-za-struchnite-sluzhbi-vo-uchilishtata-vo-skopje/Слободата на говор не смее да биде изговор за манипулирање и клеветење ниту, пак, за поттикнување омраза кон ЛГБТИ младите кои се дури 4 пати повеќе изложени на насилство

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеВо Струмица се одбележа Европската недела на мобилност – Општина Струмица