РЕДОВНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МОК

121
РЕДОВНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МОК

Во просториите на МОК се одржа редовна седница на Управниот одбор каде се усвои завршната сметка како и финансискиот извештај за 2022 година.

На членовите на Управниот одбор им се презентираше планот за отпочнување на двата проекти “Златен олимписки денар“ и операционализација на проектот платежна картичка, преку кои најголем бенефит ќе имаат македонските спортисти.

Согласно дневниот ред, беа презентирани извештаите за веќе изминатите Медитерански Игри, Оран 2022 и Европскиот Зимски Младински Олимписки Фестивал 2023. Членовите имаа можност да  се запознаат со тековните подготовки за Европските игри во Краков, Полска, како и за сите проекти на кои моментално работи МОК.

Сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од присутните на редовната седница на Управниот одбор.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗошто Градоначалникот на Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ ја крие завршната сметка од советниците?
Следно соопштениеНОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „СЈУ РАЈДЕР“