РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЧЕШКИ БИЗНИС КОМПАНИИ ВО БИТОЛА

114

Во Битола денес се одржаа повеќе тркалезни маси, средби, работни состаноци и регионален форум, на кои градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, директорот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски, вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, министерот за индустрија и трговија на Република Чешка Јозеф Сикела, претставник на Одборот на индустрија и транспорт од Чешка, како и голем број стопанственици од оваа држава и Пелагонискиот регион, разговараа за развојот на бизнис соработката и можните економски партнерства помеѓу двете држави. На тркалезните маси, градоначалникот имаше можност да се сретне со претставниците на бизнис секторот и регионалните стопански комори од двете земји,  да разговара со претставници на компанијата DATmoLUX и електронската компанија „Кадлец“, а учествуваше и на средбите со министрите за земјоделство на двете држави. Во своето обраќање на Регионалниот форум, градоначалникот Коњановски изрази посебна благодарност за активната вклученост на соработниците и претставниците од Регионалната стопанска комора, кои секогаш се силна и неопходна поддршка за надминување на економските предизвици и имплементација на иновативни решенија. „Ваквата средба е од посебно значење за сите нас, пред се поради можностите за подобро запознавање, потенцијална соработка и секако економски раст преку отворен дијалог, размена на идеи, меѓусебна соработка и градење на силни партнерства кои водат кон одржлива и просперитетна иднина. Битола, навистина има многу што да претстави и понуди, како од аспект на изготвена документација за повеќе проекти, така и од страна на можности за потенцијални инвестиции, што секако ќе биде презентирано за време на средбата и очекувам да поттикне на дискусија, но и на нови форми на […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИнтервју со Ангелоски: Наместо ветувањата за плати од над илјада евра, учесниците во изборите треба да имаат реални економски програми
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети и исполнува, за разлика од СДС со кои изминативе 7 години власт, земјите од регионот имаа двојно поголем раст од Македонија