Регионален состанок за развој на Националните друштва на Црвен крст

113
Регионален состанок за развој на Националните друштва на Црвен крст

Во периодот 26-29.11.2023 година во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа регионален состанок за развој на кластерот на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина за Југоисточна Европа. На регионалниот состанок стручни соработници од националните друштва од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Северна Македнија, Хрватска и Црна Гора разменуваа добри практики и искуства и дискутираа за активностите и предизвиците во развојот на Националните друштва.

Со фасилитација на претставници на МФЦК, се разгледуваа сегашните и идните активности во делот на развојот, политиките на МФЦК кои се дирекно поврзани со оваа тематика, можностите за финансиска поддршка, платформи за учење и комуникација како и индивидуално вмрежување на лицата кои работат на полето на развој.

Од Црвениот крст на РСМ претставени беа „Развојната рамка на Црвениот крст на Република Северна Македонија –  Трансформација-28“, искуствата во имплементацијата на политиките за заштита на интегритет, искуствата во спроведување на моделот на МФЦК за проценка на организациски капацитети на општинските организации и програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности како алатка за регрутирање и задржување на волонтери. Споделените искуства предизвикаа голем интерес кај партнерските национални друштва за идни билатерални и регионални иницијативи за соработка.

The post Регионален состанок за развој на Националните друштва на Црвен крст appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеЦелото општество е во тага, сочувство за семејството на Вања