Регионална конференција на ХЕРА во Скопје – Заедничките цели за подобро здравство, образование, работа и живот ги обединија младите од Западен Балкан

121
Регионална конференција на ХЕРА во Скопје – Заедничките цели за подобро здравство, образование, работа и живот ги обединија младите од Западен Балкан

Обединување на младите од регионот во идентификувањето на заедничките предизвици, со цел да се овозможи активно учество во носењето на важни одлуки беше пораката испратена на прес-конференцијата пред почетокот на Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Северна Македонија.

Драгана Каровска Чемерска, програмска раководителка во ХЕРА рече дека пристапот до квалитетни и младински пријателски здравствени услуги, вклучително и ментално здравје и сексуално и репродуктивно здравје и права, е клучен за благосостојбата и иднината на младите. „Бараме итна инвестиција во достапни, доверливи и инклузивни здравствени програми кои ќе ги одразуваат вистинските потреби на младите во Западен Балкан“, изјави Каровска.

Борјан Ефремов младински активист истакна дека суштинската промена речиси никогаш не е брза и веднаш остварлива, напротив, тоа е бавен процес.

„Затоа, да бидеме реални и да го бараме невозможното. Да бидеме љубопитни и да ја препознаеме вистината дека во големата поврзаност на социјалната промена, секој линк има значење. Нашите напори денес се оние линкови кои ќе ја создадат ткаенината на идната реалност. Со оптимизам и решителност, можеме да создадеме наследство кое не само што ќе опстане по нас, туку и ќе ги охрабри оние кои ќе дојдат по нас да ја продолжат потрагата по идеалното општество“, рече Ефремов.

Ко-основач на Граѓански отпор, Миген Чираџи, истакна дела иднината на образованието лежи во создавањето на динамична и технологија управувана средина која поддржува персонализирани искуства за учење. Студентите треба да бидат креативни во решавањето на проблемите и да имаат рамноправен пристап до дигитални ресурси“, истакна Чираџи.

Рон Ѓиновци, Извршен директор, Организација за подобрување на квалитетот на образованието (ОРКА) рече дека е време за промени.

„Младите се иднината. Оваа фраза постојано ја слушаме. Но, вистината е дека политичките елити на Балканот ја користат таа фраза без да ја следат со конкретни дејствија. Младите се исклучени од процесите на донесување одлуки и политичкиот живот. Време е за промени“, рече Ѓиновци.

Фатмир Сабриу државен секретар во министертсво за социјална политика, демографија и млади изјави дека младите се силата која може да го трансформира Балканот. Нивната енергија, креативност и ентузијазам се тие кои ја одредуваат сегашноста и  иднината. Затоа, мораме да продолжиме да работиме заедно, да се поддржуваме и да се бориме за една поразлична, подобра и поконструктивна иднина.

„Да  работиме заедно за да изградиме одржливи решенија кои ќе бидат  инспирација и за другите да се приклучат на нашиот пат“, рече Сабриу.

Присутните на конференцијата е предвидено да учествуваа во пет работилници, фокусирани на клучни области како што се образованието, здравството, вработувањето, културата и климатските промени, а како заклучок на крајот ќе се усвои Декларација која ќе служи како важна алатка за креаторите на политики и лидерите на граѓанското општество да работат заедно со младите, и да се стремат кон подобрување на квалитетот на образованието, можностите за вработување, и да обезбедат сериозни климатски активности за одржлива иднина.

Конференцијата е дел од регионалниот проект „Зајакнување на младите за демократска и одржлива иднина на Западен Балкан,“ поддржан од Фондот за Западен Балкан, а имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Северна Македонија, Центарот за популациски политики и одржлив развој – IPPF Србија, Организација за унапредување на квалитетот на образованието (ОРКА) – Косово и Граѓанска отпорност – Албанија.

Со почит,

Тимот на ХЕРА

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни
Следно соопштениеФилипче: Денес и секој ден, стоиме покрај храбрите борци со ретки болести