Регионална обука за обучувачи за заштита род и инклузија

128
Регионална обука за обучувачи за заштита род и инклузија

Во периодот 12-15.12.2023 година во Будимпешта, Унгарија, се одржа регионална обука за заштита род и инклузија одржана од страна на  Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина за Националните друштва од Европа и Централна Азија. На обуката присуствуваа претставници од 22 НД а од Црвениот крст на РСМ претставник беше Владимир Вукелиќ.

Цел на обуката беше да се зајакнат капацитетите на националните друштва за планирање и имплементација на активности во итни и во мирнодобски услови кои ќе се со акцент на заштитата и различностите на корисниците, волонтерите и вработените како и заштита на интегритетот на организацијата.

Црвениот крст на РСМ беше посебно истакнат за постигнувањата во развојот на механизми за заштита и спроведената самопроцена по алатката на МФЦК за заштита на интегритет во текот на 2023 година.

The post Регионална обука за обучувачи за заштита род и инклузија appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“
Следно соопштениеОТВОРЕН ОДДЕЛ ЗА ОНКОЛОГИЈА И РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА