Регионалната Мрежа за Сина Економија Официјално Започна со Работа во Северна Македонија

31
Регионалната Мрежа за Сина Економија Официјално Започна со Работа во Северна Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија со задоволство објавува успешнато одржан Инфо ден и официјалното започнување со работа на Регионалната мрежа за сина економија во Северна Македонија! Настанот се одржа на 27 јуни 2025 година, во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, со претставници од јавниот и приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и локалните институции – сите обединети со заедничка цел: промовирање на одржлив развој преку секторите на сината економија.

Овој Инфо ден е од особено значење во градењето на национална и регионална рамка за соработка, иновации и економска трансформација, заснована на принципите на сината економија.

Сината економија: Нова економска можност за Северна Македонија

Како основен концепт зад проектот Growth4Blue, кофинансиран од Програмата IPA ADRION на ЕУ, сината економија нуди стратешки пат кон одржливост, иновации и регионална соработка. Сината економија се однесува на сите економски активности поврзани со водните ресурси – не само морски, туку и копнени води како реки и езера, како и поврзани дејности како рибарство, производство на водена енергија, туризам и земјоделство. Иако Северна Македонија е земја без излез на море, таа располага со богати екосистеми со слатководни ресурси кои нудат огромен потенцијал за одржлив развој.

Клучните сектори на сината економија во Северна Македонија вклучуваат:

  • Туризам и еко-туризам, особено околу Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.
  • Аквакултура и рибарство, со фокус на одржливост и безбедност на храната.
  • Земјоделство, кое во голема мера зависи од водата за продуктивност и иновации.
  • Производство на хидроенергија како извор на обновлива енергија.
  • Управување со води и прочистување, што е од суштинско значење за јавното здравје и инфраструктурата.

Во согласност со Европскиот зелен договор, сината економија ја става водата во центарот на алтернативен, кон иднината насочен економски модел – модел што ги поврзува заштитата на животната средина, економскиот раст и социјалната благосостојба.

Сината економија: Нова економска можност за Северна Македонија

Како основен концепт зад проектот Growth4Blue, кофинансиран од Програмата IPA ADRION на ЕУ, сината економија нуди стратешки пат кон одржливост, иновации и регионална соработка. Сината економија се однесува на сите економски активности поврзани со водните ресурси – не само морски, туку и копнени води како реки и езера, како и поврзани дејности како рибарство, производство на водена енергија, туризам и земјоделство. Иако Северна Македонија е земја без излез на море, таа располага со богати екосистеми со слатководни ресурси кои нудат огромен потенцијал за одржлив развој.

Клучните сектори на сината економија во Северна Македонија вклучуваат:
Туризам и еко-туризам, особено околу Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство.
Аквакултура и рибарство, со фокус на одржливост и безбедност на храната.
Земјоделство, кое во голема мера зависи од водата за продуктивност и иновации.
Производство на хидроенергија како извор на обновлива енергија.
Управување со води и прочистување, што е од суштинско значење за јавното здравје и инфраструктурата.
Во согласност со Европскиот зелен договор, сината економија ја става водата во центарот на алтернативен, кон иднината насочен економски модел – модел што ги поврзува заштитата на животната средина, економскиот раст и социјалната благосостојба.

Growth4Blue и формирањето на Регионалната мрежа за сина економија

Како дел од пошироките европски напори за промовирање на зелени и инклузивни економски модели, проектот Growth4Blue ја става сината економија во фокусот на развојот во Северна Македонија. Тој обезбедува стратешка основа за формирање на Регионалната мрежа за сина економија (РМСЕ) – иницијатива чија цел е да ги мобилизира засегнатите страни, да поттикне иновации, да предложи идни политики и стратегии во секторите на сината економија и да ги усогласи локалните напори со целите за одржливост на ЕУ.
Лансирањето на РМСЕ претставува клучна пресвртница во рамките на проектот Growth4Blue, кој се имплементира од Сојузот на стопански комори на Македонија, со поддршка од програмата INTERREG IPA ADRION, кофинансирана од Европската Унија, како и Министерството за европски прашања при Владата на Република Северна Македонија.
Формирањето на мрежата следи јасна стратешка патека, дефинирана во официјалниот документ „Концепт и Програма“, кој ги претставува визијата, целите и методологијата за ангажирање на засегнатите страни низ различни сектори и региони.

Во периодот од мај 2025 до август 2027 година, мрежата ќе се фокусира на:Подигнување на свеста и градење капацитети за практики во сината економија.
Унапредѕвање на соработката меѓу секторите и институциите.Поттикнување на високо-технолошки, зелени и сини иновации.Развој на нови партнерства за поддршка на одржливо создавање работни места и економски раст.Предлози за политики и стратегии за развој на секторите на сината економија.

Со официјалното лансирање на РМСЕ, Growth4Blue влегува во нова фаза – насочена кон претворање на стратегијата во акција и идеите во значајни резултати.

Структура и функција на Регионалната мрежа за сина економија

Регионалната мрежа за сина економија (РМСЕ) е воспоставена како стратешка, колаборативна платформа наменета за поттикнување иновации, споделување знаење и олеснување на економска трансформација, со фокус пред се на секторите на сината економија.Мрежата е структурирана за поддршка на активности со големо влијание преку:
Управен одбор, кој е одговорен за целокупна координација, стратешко водење и усогласување со политики на ЕУ и национално ниво.
Тематски работни групи, кои се фокусираат на приоритетни сектори како што се аквакултура, еко-туризам, заштита на водните ресурси и зелена технологија.
Тим за комуникации и информирање, посветен на обезбедување ангажман на засегнатите страни, медиумска видливост и споделување информации.
РМСЕ ги обединува бизнисите, научно-истражувачките институции, невладините организации, локалните власти и граѓанското општество, создавајќи динамичен екосистем за регионална соработка и одржлив развој. Во согласност со својот партиципативен пристап, беше договорено дека ќе се потпишуваат Меморандуми за разбирање со заинтересираните членови за формализирање на обврските и зајакнување на рамките за соработка. Дополнително, на учесниците им беше доставен прашалник со цел собирање повратни информации, идентификување потреби и подобро обликување на идните активности на мрежата во согласност со очекувањата и експертизата на членовите.

Главни моменти од настанот

Настан беше отворен со обраќање на г-ѓа Сандра Златковска, модератор од ССКМ. Поради отсуство на г-н Трајан Ангелоски, претседател на ССКМ, воведните забелешки ги изнесе г-н Драган Пехчевски, член на Управниот одбор на ССКМ.
Клучни обраќања имаа:
Г-ѓа Зуица Змејковска од Министерството за европски прашања, која ја истакна националната стратешка важност на интеграцијата на сината економија.
Г-н Драган Пехчевски, проектен менаџер, кој го презентираше рамковниот концепт и проектот Growth4Blue.
Г-н Миле Бошков, координатор на Регионалната мрежа за сина економија, кој ја претстави иницијативата РМСЕ, нејзината структура, цели и придобивки.
Г-ѓа Весна Кузмановиќ, главна истражувачка, која сподели комплетна анализа на актуелната состојба на сината економија во Северна Македонија.

Панел дискусија
Еден од најзапаметливите делови од настанот беше сесијата прашања и одговори, која природно прерасна во многу ангажирана панел-дискусија. Учесници од различни индустрии – вклучувајќи туризам, управување со води, академија, земјоделство и чисти технологии – ги споделија своите искуства, предизвици и идеи за развој на секторите и пристапите на сината економија во Северна Македонија.Дискусијата истакна:Силен интерес за концептот на сината економија и нејзината практична примена.Конкретни примери на постоечки иницијативи и можности за иновации.Зголемен интерес меѓу засегнатите страни за соработка помеѓу секторите и придонес кон целите на РМСЕ.Ентузијазам за идно вклучување, вклучувајќи програми за обуки, заеднички проекти и регионално проширување.

Идни чекори – Придружете се на движењето

Формирањето на Регионалната мрежа за сина економија е само почеток. Со успешното завршување на настанот за лансирање и цврстите темели што сега се поставени, ССКМ и сите засегнати страни на РМСЕ влегуваат во фазата на имплементација – означена со континуирана вклученост на засегнатите страни, активности на работните групи и развој на практични и високоефикасни иницијативи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации
Следно соопштениеКРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ ЗА ОПШТИНА КАРПОШ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА УЧЕНИЦИТЕ