РЕГИОНАЛНИ ИСКУСТВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЛОКАЛНО НИВО

113
РЕГИОНАЛНИ ИСКУСТВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, деновиве присуствуваше на вториот регионален состанок на тема: „Водни ресурси на локално ниво – Предизвици и Решенија“, кој се одржа од 5-ти до 7-ми јуни во Скадар (Албанија). На стручните работилници покрај претставниците од нашата држава кои беа предводени од здружението РЕЦ – Македонија, учествуваа и претставници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.

Во рамки на работилниците, локалната самоуправа од Карпош ја претставуваше стручното лице од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Јованче Цветановски, кој пред присутните детално ја образложи темата поврзана за адаптивните мерки за климатски промени на локално ниво во Македонија. Инаку овој регионален состанок претставува одлична можност за зајакнување на капацитетите на општинската администрација.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСАЛАТА „ПАРТИЗАН“ ДОБИ НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа