РЕКВИЗИТИ И УРБАНА ОПРЕМА ЗА НОВИОТ ПАРК ВО НОВА БИТОЛА

42

Продолжува уредувањето на Новиот парк во Нова Битола. Деновиве се поставуваат спортски и детски реквизити, како и друга урбана опрема која вклучува клупи и корпи за отпадоци. Со ваквото уредување Битола добива нов простор за одмор и рекреација, но и за игра и забава на најмладите. Проектот за изградба на Новиот парк, го реализира Општина Битола, во соработка со јавните претпријатија, а во досетгашниот период се работеше на соодветна адаптација на просторот, хортикултурно, партерно уредување и осветлување.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување Куп на Македонија 2024 – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеУЧЕНИЦИТЕ ОД „КОМЕНСКИ“ УЧЕА ЗА „SUP“ СПОРТОТ