Релиќ и Георгиевски со бронзени медали од Бугарија

67
Релиќ и Георгиевски со бронзени медали од Бугарија

Македонските таеквондисти Милa Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан викендов во Софија, Бугарија.

Рељиќ во категоријата до 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингапур и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова.

Георгиевски во категоријата +87 кг го совлада Горјан Бадаровски па во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин.

Двајцата македонски репрезентативци освоија и нови бодови во обидот да остварат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГолем е очајот во СДС кога вадат сметки од пред 8 години, ако имало нешто додека беа на власт со зурли и тапани ќе го обелоденеа
Следно соопштениеБитиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балканот не смее да остане заробен во поделби и недоверба