РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА – Министерство за Здравство

12
РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА – Министерство за Здравство

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски, денеска ги посетија реновираните простории на Институтот за радиологија, кои се наоѓаат во објектот на Хируршки клиники.

-Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори, односно комплетна обнова на просториите во објектот на Хируршки клиники. Вкупната инвестиција на Институтот за радиологија изнесува над 6 милиони денари, од кои 1.7 милиони денари се обезбедени со поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина, посочи министерот Таравари.

РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА – Министерство за Здравство

Паралелно со осовременување на условите за третман на пациентите во оваа област, посебен фокус е ставен и на зајакнување на кадарот, како и на мотивирање и стимулирање што е можно повеќе доктори да специјализираат во областа на радиологија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДЕСЕТТЕ УМЕТНИЦИ ГО НАСЛИКАА МИРИСОТ НА ЛЕТОТО ВО КАРПОШ
Следно соопштениеОдржана втора седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година