РЕШЕН ФЕКАЛНО-АТМОСФЕРСКИ ПРОБЛЕМ НА УЛИЦА НЕРЕШКА

198
РЕШЕН ФЕКАЛНО-АТМОСФЕРСКИ ПРОБЛЕМ НА УЛИЦА НЕРЕШКА

Долгогодишниот проблем, кој го имаа жителите на населбата Трнодол, од денеска е решен. Поплавените улици по обилните дождови се минато за жителите од овој реон, на улицата Нерешка, по реализација на нова фекално-атмосферска мрежа.

Поточно, станува збор, за 60m нова цевка за фекална канализација, како и поставување на нова шахта. Атмосферските води, со кои жителите со години се соочуваа по врнежите и топењето на снегот од Водно кон Козле, предизвикуваа преполни улици и шахти кои се преплавуваа. Од денеска, поставени се две решетки за атмосферски води, кои ќе бидат спас на граѓаните од овој дел на Општина Карпош за наредниот период.

                        Целосната интервенција е од страна на стручните служби на Општина Карпош во координација со ЈП Водовод и канализација.

                      

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМерките за замрзнување на цените дадоа резултат, следи намалување на цените на пијалаците
Следно соопштениеОдржана средба на Претседателите на Националните олимписки комитети од Југо-источна Европа