Решение за свикување на четириесет и првата седница  на Советот на општина Струмица

15
Решение за свикување на четириесет и првата седница  на Советот на општина Струмица

   Совет на општина Струмица

    Бр.08 – 6489/1

    11.09.2024 год.

    С т р у м и ц а

 

 

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и првата седница  на

Советот на општина Струмица

 

 

               Ја свикувам четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 18.09.2024 година (среда).

               Четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

               За работа на седницата предлагам:

 

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Струмица за 2024 година;
  2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2024 година;
  3. Предлог – Програма за измена на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2024 година;
  4. Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  5. Предлог- Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година;
  6. Предлог – Програма за измена на Програмата за заштита од штетно дејство на водите во 2024 година;
  7. Предлог – Програма за измена на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2024 година;
  8. Предлог – Програма за измена на  Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2024 година;
  9. Предлог – Програма  за измена  на Програмата  за  активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2024  година;
  1. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2024 година;
  1. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за утврдување на локации на автобуски стојалишта на подрачјето на Општина Струмица;
  2. Предлог –  Одлука за утврдување на измена на режим на сообраќај  за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-016/24);
  3. Предлог –  Одлука за утврдување на режим на сообраќај  за велосипедска патека во град Струмица (технички број 015-025/24);
  4. Извештај за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2023/2024 година;
  5. Предлог – Годишна програма за работа на СОУ „Јане Сандански”  Струмица во учебната 2024/2025 година;
  6. Извештај за работа на СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2023/2024 година;
  7. Предлог – Годишна програма за работа на  СОУУД „Димитар Влахов”  Струмица во учебната 2024/2025 година.

 

 

 

                                                                           Совет на општина Струмица

         Претсeдател,

           Марjан Даскаловски

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСветскиот Куп „Феникс Дрон Рејсинг“ во живо на МОК ТВ
Следно соопштениеРЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБЛАСТИ СОГЛАСНО РАЗВОЈНИТЕ ЦЕЛИ НА ОПШТИНАТА