Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа: Неопходно е трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната

25
Ристески од Парламентарното собрание во Софија на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа: Неопходно е трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната

Денес во Софија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на земјите во Југоисточна Европа (SEECP) имав обраќање на тема:

-Итно и трајно решавање на прашањето за статусот на професионалните возачи и превозници во Шенген зоната.

Истакнав дека е неопходно наоѓање на одржливо решение за проблемот со ограничувањата на престојот на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт.

Особено ја нагласив потребата да се овозможи на возачите на камиони и транспортерите од Македонија и земјите од регионот да ги извршуваат своите професионални обврски без негативни последици што произлегуваат од примената на правилата за престој во Шенген зоната, со целосно почитување на безбедносните и миграциски прописи на Европската унија.

После ова беше прифатен компромисен амандман како дел од Завршната декларација со кој се бара властите на земјите учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа заедно да пронајдат прифатливо решение за сите транспортни и логистички прашања во Шенгенскиот регион и во регионот на Југоисточна Европа.

Посебно значење на овој успех дава фактот дека амандманот го поддржаа сите пет земји членки на ЕУ кои учествуваат во SEECP(Словенија,Хрватска,Романија, Бугарија и Грција).

https://www.facebook.com/share/p/1DK3VNAMoz

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
Следно соопштениеСЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА М-18 ГОРАН КУЗМАНОСКИ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА MEN’S 18 EHF EURO 2026 СРБИЈА