РК Еурофарм Пелистер – Алушовски: Играме против екипата која игра најдобар ракомет во Европа (ВИДЕО)

80
РК Еурофарм Пелистер – Алушовски: Играме против екипата која игра најдобар ракомет во Европа (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека гостување кај Барселона во Лигата на шампионите, дуел кој за битолскиот состав ќе биде последен во ракометната елита бидејќи од претходно ги загубија шансите за место во плеј=офот.

Стевче Алушовски и Никола Граховац го најавија натпреварот во денешната средба со новинарите.

Стевче Алушовски

(тренер на Еурофарм Пелистер)

Барселона е лидер во нашата група и во моментов игра можеби најдобар ракомет во Европа. Составена е од голем број интернационалци, како искусни, така и млади репрезентативци на Шпанија. Оваа екипа има систем кој долго го игра. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, туку можеме само да добиеме. Најмногу за да останеме во еден силен натпреварувачки ритам, затоа што веќе в недела ни следи дербито на сезоната. Се подготвуваме за Барса како и за секој друг натпревар, бидејќи добро ни дојдоа овие 3-4 натпревари од Европа за да бидеме максимални во плеј-офот. Анализираме кои се слабите страни во одбрана и во напад, ќе пробаме да го имплементираме нашиот систем и да одговориме на играта на Барселона. Имаме мали кадровски проблеми, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но се подготвуваме максимално. Очекувам натпревар за уживање, можеби нема да биде сличен како оној во Битола, но ќе се обидеме да изненадиме ако ни се укаже шанса.

Никола Граховац

(РК Еурофарм Пелистер)

Тешко е да се припремате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое момче кое ќе почне да игра ракомет, Дополнителна мотивација не треба, но треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната – против Вардар 1961. Се спремаме за двата натпревари. Работиме секојдневно за да напредуваме. Последните два натпревари во Лигата на шампионите но донесоа многу добри работи. Екипата расте, добро работиме и нема за што да стравуваме.

Правдата во Каталонија ќе ја делат Свавар Петурсон и Сигурдур Трастарсон. Натпреварот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер се игра на 11 март со почеток од 20:45 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пелагониското дерби за шампионот, Еурофарм Пелистер прв се пласира на Ф4