РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: Горд сум на изданието на моите момци, си ветивме борба до последната секунда

7
РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: Горд сум на изданието на моите момци, си ветивме борба до последната секунда

Македонскиот шампион, Пелистер од Париз ја почна новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани загубија од ПСЖ, но му покажаа заби на големиот противник, конечниот резултат беше 31-29 за францускиот тим. Филип Кузмановски беше најдобар во Пелистер постигнувајќи осум, а Жарко Пешевски даде шест гола.

На прес-конференцијата по натпреварот тренерот на македонскиот шампион, Бранислав Ангеловски, беше задоволен од изданието на своите избраници.

„Си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, рече Ангеловски.

Делегацијата на ПСЖ утре се враќа во Македонија и веднаш ќе започне да го подготвува дебито во Суперлигата, в сабота против Струга.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова
Следно соопштениеИНТЕРВЈУ Владо Недановски: Вардар е спремен за новата сезона