РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: Загубивме од подобар противник, но добивме играч како Самоил Ристевски

8
РК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: Загубивме од подобар противник, но добивме играч како Самоил Ристевски

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите откако на домашен терен загуби од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин со 22-30.

Тренерот Бранислав Ангеловски призна дека неговиот тим загубил од подобар противник.

„Честитки до Фуксе Берлин за победата и одличната игра што ја прикажаа. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во текот на целиот натпревар и успеа да го искористи нашиот пад во првото полувреме. Имаме уште многу за играње, се надевам дека ќе прикажеме и подобри игри. Ме радува што добивме играч и што Самоил Ристевски добро одговори на укажаната доверба“, изјави Ангеловски.

Нареден противник на „зелено-белите“ е Динамо Букурешт, тим кој има „два од два“ во досегашниот дел од групната фаза.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ристевски: Го исполнив мојот детски сон да заиграм во ЛШ
Следно соопштениеЉупчо Дон Николовски со народни пари плаќа 500 евра за една вечер во хотел