РК Еурофарм Пелистер – Авторитетно второ полувреме, Куманово падна во „Боро Чурлевски“

101
РК Еурофарм Пелистер – Авторитетно второ полувреме, Куманово падна во „Боро Чурлевски“

Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 25-19 (12-13)

Младиот тим на Еурофарм Пелистер 2 на Михаил Петровски влезе во победничка низа во плеј-аут фаза во Суперлигата. Во дуелот од второто коло на разигрувањето за опстанок славеше на домашен терен против Куманово со 25-19 (12-13) во натпревар во кој до победата стигна со убедлива игра во второто полувреме.

Куманово подобро го започна натпреварот, а предноста од 1-3 кое го стекна во воведните минути умешно ја одржуваше во поголем дел од првото полувреме. Сепак како што одминуваа минутите битолчани влегоа во своја серија и успеаја да изедначат на 10-10, но последниот гол во првите 30. минути им припадна на кумановци кои заминаа на паузата со минимална предност од 12-13.

Второто полувреме веднаш донесе промена на моментумот на теренот. Истиот овој пат им припадна на „зелено-белите“ кои со серија од 5-0 успеаја да ја превземат предноста (17-13), одолеаја на налетот на Куманово кој во еден момент се врати на негватива од два гола (17-15) и приредија мирен финиш на средбата.

Со шест гола Талевски беше предводник на Еурофарм Пелистер 2, додека него го следеше Хаџич со пет. Десет голови за Куманово постигна Костов. Во следното третоо коло битолчани гостуваат во Неготино.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОбезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, а пратениците на ДПМНЕ блокираат закони за вработените во МВР
Следно соопштениеНОВИ ИГРАЧКИ ЗА СИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ВО КАРПОШ