РК Еурофарм Пелистер – Барса го освои третото место, пелистерци со два порази и големо искуство се враќаат од Дормаген

49
РК Еурофарм Пелистер – Барса го освои третото место, пелистерци со два порази и големо искуство се враќаат од Дормаген

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа втпр пораз на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони. Во денешниот натпревар за третото место во Дормаген (Германија), битолчани загубија од Барселона со 55-28.

Алем Хаџиќ беше најсветла точка кај пелистерци со десет реализации, додека пет имаше Карло Буторац. Во таборот на Барселона „11 од 11“ имаше Карион, десет гола даде Мартин Дуке, а девет Сола Бастера.

Вчера пелистерци беа совладани од дански ГОГ Гудме со 36-21.

Ракомет
Младинска лига на шампиони 2024/25
Меч за трето место

Еурофарм Пелистер – Барселона 28-55 (14-26)

Спортска сала „ТСВ Баер Дормаген“ – Дормаген
Гледачи: 700
Судии: Леон и Нико Берман (Германија)

Еурофарм Пелистер:
М. Фехми, Ат. Трсунов, Буторац 5, Хаџиќ 10, Велевски, Лозановски 1, Спировски, С. Ѓорѓиевски 2, Симоновски 6, Лазаревски 1, Марковски, Трајчевски, А. Фехми 1, Ар. Трсунов, Л. Ѓорѓиевски, Ѓорѓиев 1
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минути

Барселона:
Мартинез Херман, Наваро, Перез. Анселмо, Коладо 11, Мартин Дуке 10, Сола Бастера 9, Блас Клос 8, Морено Гонгора 6, Нилсон 3, Угалде Диаз 3, Пино Увиедо 1, Карбаљар 1, Виљареал 1, Кесада 1, Јонез Перез 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈО селективно, идентичен случај различен третман, за аудито на Филипче од 130 000 евра повластен третман, за автомобилите на Мирчевски кривичен прогон
Следно соопштениеМакедонија претпоследна во Европа по минимална плата – ВМРО-ДПМНЕ го згази достоинството на работниците