РК Еурофарм Пелистер – Белистојаноски блесна со 11 гола, Еурофарм Пелистер 2 пресилен за Младост 1977

20
РК Еурофарм Пелистер – Белистојаноски блесна со 11 гола, Еурофарм Пелистер 2 пресилен за Младост 1977

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 доминираат и немаат конкуренција во Првата лига. Денес на домашен терен славеа против Младост Богданци со 41-22 во второто коло од плеј-офот.

Победникот на овој натпревар беше решен уште по првиот дел, кога битолчани водеа со девет гола разлика (20-11). Второто полувреме беше само формалност и рутинско одработување на задачата, како и шанса за минутажа за сите ракометари.

Најдобри стрелци кај победникот беа младинските репрезентативци Ненад Белистојаноски со 11 и Мирче Калајџиески со седум гола, додека кај Младост се истакна искусниот Гамзардија со седум погодоци.

Ракомет
Прва лига 2025/26
Плеј-оф – трето коло

Еурофарм Пелистер – Младост 1977 41-22 (20-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 200
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Младенов, Јовановски, Маркоски 4, Блажевски, Наумовски, Митревски 5, Димитриевски 1, Калајџиевски 7, Пецаковски 2, Славков, Гичев 3, Димовски 2, Белистојановски 11, Југовски, Дрогришки 6
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 16 минути

Младост 1977:
Панов, Гамзардија 7, Атанасов 3, Пеев 1, Шулевски, Прчев 1, Николоски 4, Паунков, Џалев, Идризов, Гогов 2, Ѓуриќ 1, Цековски, Наумоски, Мирчевски 3
Седмерци: 9/8
Исклучувања: 6 минути

На табелата битолчани имаат 20 бодови, пред Мулти Есенс од Скопје, кој е втор со 15 бода.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДа се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека “Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата
Следно соопштениеБилетите за мечот Вардар – Охрид по цена од 100 и 150 денари