РК Еурофарм Пелистер – Борзаш: Кил е великан, но не треба да го прецениме (ВИДЕО)

126
РК Еурофарм Пелистер – Борзаш: Кил е великан, но не треба да го прецениме (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер во првите две кола загуби во натпреварите од Лигата на шампионите, но битолчани веруваат дека можат да одиграат многу подобро и да ја демантираат ракометната јавност која имаше многу критики за нивните изданија. На денешната средба со новинарите пред дуелот против Кил, в среда попладне, зборуваше тренерот Јовиќ и ракометарите Борзаш и Кузманоски.

Александар Јовиќ

(тренер на Еурофарм Пелистер)

Го пречекуваме шампионот на Германија и сите знаеме со каков противник треба да се судриме. Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното.

Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се спремиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата.

Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Треба да играме трпеливо во напад и со тоа ќе спречиме нивна брза игра. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата и тие добро ни дојдоа. Играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме.

Урош Борзаш

(РК Еурофарм Пелистер)

Кил е секогаш Кил, но не треба да влеземе во натпреварот со преголемо почитување. Тие се светска екипа и освојуваа многу титули и треба да се бориме до крај и да се обидеме да извлечеме добар резултат, ако тоа е возможно. Пред домашната публика, која е меѓу најдобрите во светот, можеме да парираме и да се бориме до крајот.

Кил игра на многу контри и полуконтри, но ќе се обидеме да ги лимитираме и да возвратиме. Веруваме дека можеме да се наметнеме. Кил има промени за разлика од ростерот минатата сезона, ќе се погрижиме да уживаме и да одиграме најдобро што можеме.

Не беше убаво да се загубат натпреварите и против Вардар 1961 и во Лигата на шампионите. Знаеме каде грешевме и верувам дека ќе се поправиме. Добро ни дојдоа победите во Суперлигата, растеме како тим и желно го чекаме натпреварот против Кил.

Цветан Кузманоски

(РК Еурофарм Пелистер)

Сите знаеме каква екипа е Кил. Гледавме видео материјали, се обидовме да ги анализираме, а имаме и уште два тренинзи за да се подготвиме. Се надеваме на добра и борбена игра, без голем респект кон нив, иако имаат ракометари од светски рамки. Верувам дека ќе дадеме максимум и тоа ќе ни донесе добар резултат.

Добро отворивме против Алборг, но веројатно од неискуство дозволивме лесни голови и огромно заостанување. Имавме избрзани шутеви, пад на концентрација и сигурно неискуство, па Алборг дојде до убедлива победа.

Кил е исто така нова екипа, сепак е септември и поразите во Бундеслигата се вообичани.

Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар на пелистерци против трофејниот клуб од северна Германија.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРеалната плата паѓа, стандардот е се понизок, картели на власта профитираат на грбот на народот
Следно соопштениеКлиниката каде директорува ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски