РК Еурофарм Пелистер – Бутел победен во добра игра, Еурофарм Пелистер слави четврта победа во плеј-офот

63
РК Еурофарм Пелистер – Бутел победен во добра игра, Еурофарм Пелистер слави четврта победа во плеј-офот

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше сигурно на гостувањето кај Бутел Скопје со 22-34 (9-15) во рамки на четвртото коло на плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат. Битолчани немаа милост за противникот и првото полувреме го добија со 15-9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот на Бутел до конечна победа од 34-22.

Најефикасен на мечот беше Дејан Манасков со шест голови. Единствена лоша вест за Раул Алонсо е поведата на Цветан Кузманоски на средината од вториот дел.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф – четврто коло

Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 22-34 (9-16)

Спортска сала „Ангел Димитров“ – Скопје
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Бутел Скопје:
Блажевски, Субашевски 3, Тодески 1, Георгиевски, Николов 6, Стојаноски, Спасовски, Т. Узунчев 1, Д. Узунчев 5, Милошески, Киселовски 1, Каевски, Николовски, Михајловиќ 4, Шопиќ, Давитковски 1
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 6, Ристевски 2, Кузманоски 2, Тајник 3, Борзаш 3, Радивојевиќ 3, Кузмановски 2, Костески 2, Абутовиќ, Пешевски 3, Хосни 3, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 3
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Во следното петто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар 1961 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 даде 53 гола и впиша рекордна победа во Скопје
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го декласира Киелце и ќе се бори за Ф4 на младинската ЛШ!