РК Еурофарм Пелистер – Целосен пад во вториот дел, Еурофарм Пелистер загуби во Сегед

119
РК Еурофарм Пелистер – Целосен пад во вториот дел, Еурофарм Пелистер загуби во Сегед

Еурофарм Пелистер не успеа да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Македонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34-26 (18-19) за седми пораз во рамките од групата A.

Во првиот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер дадоа дури 19 голови, а во второто полувреме само седум. Еурофарм Пелистер одлично го почна мечот, постојано водеше во првото полувреме кое го доби со 19-18, но работите драстично се променија во вториот дел. Следуваше црна дупка на битолчани, ПИК Сегед направи серија од 7-0, дојде до убедливо водство кое го одржуваше до самиот крај за конечна победа од 34-26.

Најефикасни во составот на Пелистер беа Атанасијевиќ и Радивојевиќ со по четири гола, незадржлив кај ПИК Сегед беше Шоштариќ со девет погодоци.

Ракомет
Лига на шампионите 2023/24
А група – седмо коло

ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер 34-26 (18-19)

„ПИК Арена“ – Сегед
Гледачи: 3.000
Судии: Игор и Алексеј Ковалчиус

ПИК Сегед:
Миклер, Имсгард, Шоштариќ 9, Габер 5, Гарсиандија 5, Мартинс 4, Јелиниќ 4, Сита 3, Бомбач 2, Степанчиќ 1, Мацковчек 1, Бодо, Фридел, Молина, Фекете, Силаџи
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Васиљев 5, Радивојевиќ 4, Цехте 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски 3, Тајник 2, Кисум 2, Борзаш 2, Танкоски 1, Костески, Нилсен, Петровиќ, Пав. Атанасијевиќ 1, Стевановиќ
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Двете екипи ќе се сретнат во Битола следната среда од 18:45 часот.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПроектот Гамес одржан во Прага
Следно соопштениеОбвинителството и власта два месеци ја штитат канцер мафијата која правела милиони на грбот на пациентите на Онкологија