РК Еурофарм Пелистер – Данецот Андреас Јохан Нилсен е нов член на Еурофарм Пелистер!

81
РК Еурофарм Пелистер – Данецот Андреас Јохан Нилсен е нов член на Еурофарм Пелистер!

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека кон своето спортско семејство приклучи нов член. Нашата мала данска колонија ќе биде побогата за уште еден ракометар.

Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност. 25-годишниот дански кружен напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна.

Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим.

Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДУИ и Али Ахмети не одлучуваат дали ќе ја напуштат владата, СДС треба да се охрабри за подадената рака за преодна влада
Следно соопштениеСДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори