РК Еурофарм Пелистер – Добар почеток и лош крај за пелистерци во Загреб

31
РК Еурофарм Пелистер – Добар почеток и лош крај за пелистерци во Загреб

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби со 27-23 на гостувањето кај Загреб во десеттото коло на Лигата на шампионите/ Хрватскиот првак беше доминантен во второто полувреме и заслужено ги освои бодовите.

Македонскиот претставник одлично го започна дуелот и водеше со 1-5, но Загреб успеа брзо да се врати и да дојде до 7-7, а до крајот на полувремето обезбеди предност со резултат 14-12. Во продолжението, домаќините набрзина стигнаа до 19-13, а таа предност од плус шест ја имаа неколку пати и не му дозволија на Еурофарм Пелистер да ја врати неизвесноста.

Кузмановски со 7 голови беше најефикасен кај битолскиот тим, додека во редовите на Загреб се истакна Главаш со 10 голови, а одлично второ полувреме имаше и голманот Мештриќ кој имаше 12 одбрани од 24 удари.

Ракомет
Лига на шампиони 2025/26
Б група – десетто коло

Загреб – Еурофарм Пелистер 27-23 (15-13)

Спортска сала „Арена“ – Загреб
Гледачи: 3.000
Судии: Бојан Лах и Давид Сок (Словенија)

Загреб:
Мештриќ, Суљевиќ, Главаш 10, Чавар 4, Павловиќ 4, Биалиаушки 4, Цовребадѕе 3, Додиќ 1, Топиќ 1, Валчак, Фаљиќ, Гојун, Габриќ, Кавчиќ, Тривковиќ, Садуски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Хеидарирад, Митревски, Кузмановски 7, Манасков 3, Видомски 3, Радивојевиќ 2, Пешевски 2, Хаџиќ 2, Тајник 1, Пет, Атанасијевиќ 1, Хосни 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Ристевски, Хакбарт, Хенигман, Абутовиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 4 минути

Последните четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите се играат во февруари и март 2026 година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоопштението на СДС личи како Заев мамурен да го пишувал бидејќи наликува на неговиот препознатлив сенс и кодиран јазик
Следно соопштение▶️ СУПЕР ЛИГА: ОХРИД – ВАРДАР 1961