РК Еурофарм Пелистер – Доминантно победен вицешампионот, Еурофарм Пелистер останува максимален во плеј-офот

89
РК Еурофарм Пелистер – Доминантно победен вицешампионот, Еурофарм Пелистер останува максимален во плеј-офот

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер направи голем исчекор кон одбрана на титулата во домашното првенство, откако денеска мина триумфално во Автокоманда кај тимот на Алкалоид. Седмото коло во плеј-офот донесе голема пресметка меѓу два посебно разиграни тимови во домашното првенство, но иако се очекуваше тврд и неизвесен натпревар, на крајот видовме голема победа на гостите изразена со десет голови разлика.

Битолчани доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент на противникот не му дадоа надеж дека може да направи изненадување и на крајот сосема заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Нејц Цехте беше најдобар поединец на мечот и беше буквално незадржлив за домашната одбрана, постигнувајќи дури дванаесет гола во мрежата на Алкалоид. Радивојевиќ беше втор со шест гола, а исто толку постигна и Митев од редовите на Алкалоид.

Ракомет
Суперлига
Плеј-оф
Седмо коло:

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 25-35 (12-16)

Спортска сала: „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 1000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Алкалоид:
Галевски 1, Трајкоски, Џонов 3, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Карасманакис 2, М. Митев 1, Ѓоргиев, Велковски 4, Бинго, Кофиловски, Д. Митев 6, Савревски, Димовски
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбане, Манасков 3, Цехте 12, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 4, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Па. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 12 минути

Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер во вторник гостува кај Вардар 1961 во Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски: Дали и рекетираните пари во име на АНБ требале да завршат кај Асаф Еисин?
Следно соопштениеМОК ГО ОДБЕЛЕЖА 6 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СПОРТОТ ПРЕКУ МИР И РАЗВОЈ