РК Еурофарм Пелистер – Доминантно прво полувреме, Еурофарм Пелистер го надигра Охрид

131
РК Еурофарм Пелистер – Доминантно прво полувреме, Еурофарм Пелистер го надигра Охрид

Еурофарм Пелистер – Охрид 32-24 (17-8)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер брзо го заборавија поразот од Вардар и тоа со убедлива партија против Охрид во денешната средба од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Фаворитот не дозволи никако изненадување и го реши противникот со 32:24 и тоа во средба во која победникот веќе се знаеше по првите триесет минути. Најефикасни кај победникот со по шест погодоци беа Ненад Костески и Жарко Пешевкси. Кај Охрид прв стрелец беше Ерај Каракоч со седум реализации.

Ракомет
Суперлига 2022/22
Плеј-оф – шесто коло

Еурофарм Пелистер – Охрид 32-24 (17-8)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Кузманоски 5, Кисум 1, Радовиќ 1, Танкоски, Хосни 1, Костески 6, Велковски 1, Петар Атанасијевиќ 3, Васиљев 2, Суси 2, Пешевски 6, Хенеберг 1, Павле Атанасијевиќ 2, Стевановиќ 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Охрид:
Миленковиќ, Ѕинсандзе, Речкоски, К. Андоноски 1, Рустамов 1, Дрогришки 1, Д. Андоноски 2, Василевски, Ристески, Тасески 4, Вјештица, Шешиќ 3, Коракоч 7, Бојаниќ 1, Цирар 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 2 минути

Во наредното коло Пелистер му гостува на Тиквеш во недела попладне.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДодека братучедот на Груби гради дивоградба од 160м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат оградата на терасата
Следно соопштениеЕлектроснабдување