РК Еурофарм Пелистер – Драмата во Кавадарци за шампионот, Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија

54
РК Еурофарм Пелистер – Драмата во Кавадарци за шампионот, Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија

Суперкуп на Македонија 2025
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 28-27 (12-13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако по огромна драма го совладаа Вардар 1961 со 28-27 (12-13). По четврти пат во низа, втор во официјалните натпревар пелистерци го совладаа лутиот ривал и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.

Вардарци цело лето не успеаја на пријателските мечеви да пронајдат решение за победа над Битолчани, а со тие проблеми клубот продолжи и на Суперкупот вечерва. Со овој натпревар официјално стартуваше и новата ракометна сезона во Македонија, а Еурофарм Пелистер ја отворија сезоната онака како што ја затворија претходната – со победа над Вардар.

Генерално натпреварот беше изедначен во текот на двете полувремиња, а Вардар дури и водеше со еден гол разлика на паузата, со резултат од 13-12. Водството претежно го имаа „црвено-црните”, а битолчани го презедоа на неколку наврати, како и на самиот крај.

Најефикасен играч на средбата беше Хосни со осум гола, додека кај вардарци се истакна Кавада со шест погодоци.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСигурна победа на Костовски во Бутел, народот со поддршка како никогаш до сега
Следно соопштениеФилипче со младите: Иселувањето достигнува епидемиски размери и е главен проблем на младите во истражувањата