РК Еурофарм Пелистер – Драматична победа на Еурофарм Пелистер 2 на теренот на Аеродром

204
РК Еурофарм Пелистер – Драматична победа на Еурофарм Пелистер 2 на теренот на Аеродром

Аеродром – Еурофарм Пелистер 2 26-27 (12-13)

Еурофарм Пелистер 2 беше подобар на гостувањето кај Аеродром со 26-27 во последниот натпревар од 12. коло на Суперлигата. Во првото полувреме се водеше голема битка на теренот, а на паузата со водство од еден гол замина гостинскиот тим (13-12). Еурофарм Пелистер 2 заигра подобро во вториот дел и поведе со 13-19, по што Аеродром постојано бркаше негатива и во завршницата стигна до 26-26. Битолскиот тим го врати водството во следната минута (26-28), а Аеродром пропушти шанса да освои бод откако не реализира напад.

Наум Костов со дванаесет гола беше најдобриот поединец кај домашниот тим. За Еурофарм Пелистер 2 се истакна Мирче Калајџивоски осум гола, а два помалку постигна Белистојановски.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група А – Дванаесетто коло

Аеродром – Еурофарм Пелистер 2 26-27 (12-13)

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 200
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Аеродром:
Кизиќ 1, Богдановски, Пајкоски 4, Бучуковски 2, Меловски 1, И. Митревски 3, Костов 12, Павличковски, Олтовски 1, Стојановски, Трифуноски, Бошковски, Василев, Анакиевски, Анѓелковски 2, Груевски
Седмерци: 14/10
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Печурица, Маркоски, Талевски 4, Ристевски 2, Х. Митревски 2, Димовски, Трпчевски 4, Димитровски, Калајџиовски 8, Ивановски, Белистојановски 6, Југовски, Мијушковиќ, Хаџиќ 1
Седмерци: 8/4
Исклучувања: 8 минути

На две кола до крајот на регуларниот дел Еурофарм Пелистер 2 има шанси за пласман во плеј-офот, но не зависи сам од себе.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКостадиновска Стојчевска: Коалицијата на ДПМНЕ и Левица е коалиција на безредие
Следно соопштениеСРЕДБА СО ШТИТЕНИЦИТЕ ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „МАЈКА ТЕРЕЗА“