РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 дел од А групата, првиот натпревар во Битола против Борец

14
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 дел од А групата, првиот натпревар во Битола против Борец

Ракометната федерација на Македонија ги одреди групите за сезоната 2024/25 во Првата лига. Еурофарм Пелистер 2 за противници ги доби Аеродром, , Металург РА, Јехона, Овче Поле, Кичево, Астраион, Борец и Мулти Есенс.

Група А:
Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Аеродром, Металург РА, Јехона, Овче Поле, Кичево, Астраион, Борец

Прво коло:
Јехона – Мулти Есенс
Аеродром – Овче Поле
Астраион – Металург РА
Еурофарм Пелистер 2 – Борец
Слободен: Кичево

Група Б:
Вардар Неготино, Скопје, Младост Богданци, Драчево, Maкедонија ЃП, Шампион, Партизан Гевгелија, Текстилец, Преспа Вардар

Прво коло:
Вардар Неготино – Текстилец
Преспа Вардар – Драчево
Шампион – Партизан Гевгелија
Македонија ЃП – Младост Богданци
Слободен: Скопје

Системот на натпреварување во регуларниот дел по групи ќе се одигра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) двапати по девет кола – вкупно 18 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат две групи:

Плеј-оф групата која ќе брои десет екипи формирана од екипите од 1-5 место од А и Б групите.
Плеј-аут групата која ќе брои десет екипи формирана од екипите од 6-10 место од А и Б групите.

Во плеј-оф и плеј-аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата, а се пласирале во иста група плеј-оф или плеј-аут групата.

Ќе се играат двапати по пет кола или вкупно десет кола (домаќин/гостин) само со екипите кои играле во другата група во регуларниот дел. Првопласираната екипа од плеј-офот влегува директно во Суперлигата, а второпласираната ќе игра еден бараж натпревар со петто пласираната екипа во плеј-аут групата од Суперлигата.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРазочарувачко интервју на Арсовска, сите други и се виновни, нека го спаси Скопје и нека си даде оставка
Следно соопштениеИзвлечени натпреварувачките броеви за Супер машка лига и групите во Супер женска лига – Ракометна Федерација на Македонија