РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 го намачи Вардар 1961, но не успеа да приреди сензација

58
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 го намачи Вардар 1961, но не успеа да приреди сензација

Ракометарите на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и го добија финалето во четвртфиналната група од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2 со 28-25 (18-9). Избраниците на Гиљермо Милано одиграа според планот, речиси рутински иако младите битолчани имаа налет во завршницата. На крајот вардарци се радуваа на пласман на „фајнал-фор“ турнирот во ова натпреварување.

Најефикасен играч на мечот беше Мигел Пинто од Вардар со девет реализации, а Марко Срдановиќ даде шест. Во таборот на пелистерци Ненад Белистојановски заврши со шест гола, додека четири даде Мирче Калајџиевски.

Ракомет
Куп на Македонија
Четвртфинална група – финале

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 25-28 (9-18)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 3, Наумовски, Митревски 3, Димитровски 1, Калајџиовски 4, Пецаковски, Славков 3, Гичев 1, Димовски 1, Белистојановски 6, Југовски, Дрогришки 3
Седмерци:
Исклучувања:

Вардар 1961:
Гогов, Богдановски, Фереира Еспиња, Јагуриновски, Аларов 1, Стојановски 2, Танкоски, Лазаревски 1, Хориха 2, Срдановиќ 6, Николиќ, Петриќ 3, Маргели, Пинто 9, Ќосевски 4
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 2 минути

Претходно во полуфиналето на четвртфиналната група Еурофарм Пелистер службено со 10-0 го совлада Борец Фруитленд, бидејќи велешани дојдоа само со девет ракометари, што е спротивно од пропозициите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПадот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести, главната фабрика за тоа е СДС
Следно соопштениеМанасиевски: СДС и Филипче се центар за ширење на лажни вести затоа има пад во Индексот на Репортери без граници