РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 поразен по 25 победи, вардарци ги однесоа бодовите од Битола

51
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 поразен по 25 победи, вардарци ги однесоа бодовите од Битола

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 19-34 (12-21)

Заврши серијата од 25 победи по ред во шампионатите на Македонија за Еурофарм Пелистер 2. Екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога и славеше во Битола со 19-34 во рамките на второто коло од машката ракометна Суперлига. Првиот дел почна лоши за битолчани и по 0-3 и 3-9. Зарков побара тајм-аут. Сепак, играта на пелистерци не се подобри и на одмор се замина со 12-21.

И во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 не претставуваше опасност и закана дека може да изненади. Николас Боно беше најдобар кај Вардар со шест гола, додека Георгиевски, Митровиќ, Хориха, Атанасовски и Ќосевски погодија по четири пати. Кај пелистерци, Ненад Белистојаноски имаше пет, а Одифред Баптист погоди четири пати.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Второ коло

Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 19-34 (12-21)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 2.000
Судии: Исмаил Металара и Ненад Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, М. Фехми, Маркоски 3, Гичев, Даневски, Митревски, Шулевски 3, Димитровски, Славков 1, Белистојановски 5, Дрогрошки, Бен Масфут 3, Баптист 4
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Вардар 1961:
Валах, Гогов, Богдановски, Стојановски 3, Боно 6, Георгиевски 4, Митровиќ 4, Марчињак 2, Хориха 4, Анастасовски 4, Талески 2, Малус, Ќосевски 4, Јанковски 1, Борозан
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути

Во следното трето коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Куманово.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАпасиев и Мециновиќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари  
Следно соопштениеОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ И ЧАИР СОБИРАА СИТЕН ОТПАД