РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 првпат сезонава го загуби пелагониското дерби

8
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 првпат сезонава го загуби пелагониското дерби

Ракометаерите на Еурофарм Пелистер 2 не се истата екипа од првиот дел на сезоната. Денес го загубија пелагониското дерби, првпат по три врзани победи. Прилепчани славеа со резултат 29-26, потврдувајќи ја добрата форма во финишот од шампионатот.

Натпреварот беше израмнет во најголемиот дел, но домаќините во клучните моменти покажаа поголема концентрација и сигурност во реализацијата. Најефикасни во составот на Прилеп беа Димитар Димитриоски со осум погодоци и Денис Шабановиќ со седум, додека значаен придонес даде и голманот Иван Ангелески.

Во редовите на гостите од Битола, Мохамед Азис и Славчо Шулески постигнаа по пет голови, но нивниот учинок не беше доволен за да се избегне трет пораз во плејаутот. За Прилеп оваа победа има и дополнителна тежина, имајќи предвид дека последен пат го совладаа овој противник во јуни 2024 година. Со новите бодови, тимот сега има вкупно 30 на табелата, што е пет повеќе од Еурофарм Пелистер 2.

Ракомет

Суперлига 2025/26

Плеј-аут – петто коло

Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 29-26 (15-14)

Спортска сала „Ристе Ристески – Ричко“’ – Прилеп

Гледачи: 300

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска

Прилеп:

Ангелески 1, Ивчески, Тренчески, Кастратовиќ 5, Рајатоски 1, Адамчески, Шипинковски 3, Крстевски, Илиески, Димитриоски 8, Шабановиќ 7, Цветаноски 3, Квастек 1, Столески, Ѓорѓиевски, Соколоски

Седмерци: 6/6

Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:

Јовановски 2, Младенов, Марковски 4, Лозановски 1, Гичев, Даневски, Митревски 4, Шулевски 5, Лазаревски, Дамчевски, Пецаковски, Славков, Белистојановски 3, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 5, Одифред Баптист 1

Седмерци: 2/1

Исклучувања: 8 минути

Во следното шесто коло од плеј-аутот Еурофарм Пелистер 2 ќе се сретне со Пролет во Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС и Филипче слават изборна победа во друга држава каде сестринската партија им освојува само 1% од гласовите и остана надвор од Парламентот
Следно соопштениеMицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон