РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите!

39
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за настап во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на „вајлд-карти“ за новата сезона од Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер е меѓу оние кои добија.

Покрај македонскиот шампион уште пет клуба добија покана од ЕХФ да учествуваат во Лигата на шампионите, а тоа се Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Киелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.

Тие ќе им се придружат на Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Фуксе, Веспрем, Колштад, Висла Плок, Спортинг и Фредериција со што се комплетира списокот од 16 екипи учесници во Лигата на шампионите.

Ждрепката за групната фаза предвидена е за 27 јуни.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер ќе игра на „Турнирот на шампионите“ во Добој
Следно соопштениеМицкоски: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам фуриозен почеток на инвестиции и реформи