РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер донесе бод од Данска и остана во трка за плеј-офот

78
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер донесе бод од Данска и остана во трка за плеј-офот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаа да останат непоразени на вечерашниот меч против ГОГ Гудме во Лигата на шампионите (28-28), резултат со кој ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.

Ова беше соочување во кое македонскиот прволигаш покажа карактер и успеа да се врати во игра и остане непоразен иако домаќинот во повеќе наврати водеше со пет разлика.

ГОГ Гудме го доби првиот дел со 15-11, но токму ова како да му беше потребно на клубот од Битола кој се разбуди во продолжението, беше рамноправен, па дури и поведе со 25-24. Беше драматично до самиот крај, Еурофарм Пелистер дојде до израмнување и потоа се одбрани од завршниот налет на данскиот клуб и го забележа првото сезонско реми.

Голманот Митревски беше фантастичен со двоцифрен број на одбрани, Видомски даде седум гола, а по шест имаа Кузмановски и новото засилување Граховац. На другата страна Митун беше автор на седум гола.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група
12. коло

ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер 28-28 (15-11)

Спортска сала во Свендборг
Гледачи: 2.849
Судии: Амар и Дино Коњичанин

ГОГ Гудме:
Бутаф, Јоханесон, Митун 7. Лике 6, Расмунсен 5, Бјере 3, Педерсен 2, Балштад 2, Кол 1, Линдског 1, Тонесен 1. Педерсен, Вилхемсен, Педерсеб, Далби, Јесперсен
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Видомски 7, Граховац 6, Кузмановски 6, Манасков 4, Хакбарт 3, Пешевски 2, Ристевски, Тајник, Хенигман, Радивојевиќ, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Хосни, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути

Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер ќе го прчека ПСЖ на 4 март.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази кои може да ги доведат пред органите на прогонот?
Следно соопштениеСè е договорено, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби