РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер ги собра наградите на изборот на спортисти на годината на Битола

101
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер ги собра наградите на изборот на спортисти на годината на Битола

Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, е спортист на Битола за 2023 година. Општинскиот сојуз на спортови го избра Пешевски во силната конкуренција за супер-успешната година за битолскиот спорт. Еден од капитените на ракометниот шампион на Македонија во изборот го победи кошаркарот Андреј Маслинко кој заврши на второто и скијачката Ева Милевска и боксерот Ален Рустемовски на третото место.

bt sundo

Еурофарм Пелистер е екипата на годината, а пионерската екипа на ФК Пелистер најдобра млада екипа. Посебни признанија добија триатлонецот Вања Атанасов, кошаркарката на годината во Македонија, битолчанката Елена Тасевска, боди-билдерот Владе Станковски и уште многу, многу други.

bt boki cilw

Награди за животно дело им беа доделени на фудбалерот Кочо Баљари и ракометарот Атанас Нашоку – Саку. Постхумно признание му е доделена и на поранешниот претседател на Сојузот на спортови, Силјан Мицевски.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕтикетирањата и навредите на Ковачевски кон медиумите се закана за слободата на говор и се обид за заплашување на оние кои го критикуваат
Следно соопштениеИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2023 ГОДИНА