РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го доби дербито во Автокоманда и се израмни со Вардар 1961 на врвот

98
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го доби дербито во Автокоманда и се израмни со Вардар 1961 на врвот

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 27-28 (15-16)

Еурофарм Пелистер ја преживеа Автокоманда, каде му гостуваше на дебитантот во суперлигашката ракометна конкуренција Алкалоид и со овој триумф (27-28). Сега Вардар 1961 и Пелистер се колидери со по 27 бода, па за титулата најверојатно ќе решава нивната меѓусебна пресметка во Битола.

Целиот меч беше изедначен и долго време екипите се менуваа во водството, без некој да поведе со повеќе од плус два. Фаворитот од Битола сепак на пауза замина со минимална предност 15-16.

Неизвесноста продолжи и во второто полувреме. Мечот влезе во неизвесна завршница иако Пелистер ја искористи кризата на Алкалоид и стекна предност од тр гола во 50. минута, но и тоа не му беше доволно за мирна завршница. Алкалоид се врати во игра, израмни, но на крајот не го избегна и поразот. Хененберг на пет секунди до крајот го постигна победносниот гол, а за Алкаколид остана малку време да возврати, Хененберг го заврши мечот со шест гола, колку што постигнаа и Васиљев и Хосни, додека кај Алкалоид по пет постригтнаа Митев и Симоновски.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Плеј-оф (Деветто коло):

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 27-28 (15-16)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев

Алкалоид:
Трајковски, Галевски, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 4, Стојковиќ, М. Митев 5, Ѓорѓиев 3, Иваноски, Симоноски 5, Омерагиќ, Тодески, Кофиловски 3, Петковски 3, Савревски
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески 1, Кисум, Радовиќ 1, Танкоски, Хосни 6, Костески 2, Дејвис, Кукоски, Петар Атанасијевиќ, Васиљев 6, Суси 1, Пешевски 3, Хенеберг 6, Павле Атанасијевиќ 2
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути

Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер како домаќин го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер 2.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдлуката на Уставниот суд од јули 2022 против 60 часовната работна недела е основа за кривичен прогоон на Груби и Ковачевски заради штетниот договор
Следно соопштениеНеуспешните економски политики на оваа Влада ја сместија македонската економија како во воена состојба