РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер и десеткуван ја освои Автокоманда

56
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер и десеткуван ја освои Автокоманда

Еурофарм Пелистер на претпоследниот натпревар во оваа ракометна сезона ја победи екипата на Алкалоид во Скопје со 23-29 (14:18). Првакот играше без капитенот Кузмановски, Абутовиќ, Ивиќ и Мохамед Мамдух, кои заради повреда го скокнаа овој дуел. Натпреварот се отвори изедначено до 6-6, но во финишот на полувремето, со дав гола на празна мрежа Еурофарм Пелистер на полувреме замина со 14-18.

Во продолжението тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, во 40. минута заработи црвен картон. Алкалоид потоа дојде до 20-21, но немаше сили за пресврт. Брестовац одбрани неколку топки и гостинот дојде повторно до +4 (21-25). Еурофарм Пелистер до крајот смирено запиша значајна победа.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков и Урош Борзаш со по пет, пред Усама Хосни со четири гола.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф – осмо коло

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 23-29 (14-18)

Спортска сала „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 700
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Алкалоид:
Кизиќ, Галевски, Ивановски 1, Џонов 2, Маркоски 1, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ 3, Ѓорѓиев 1, Велковски, Бинго 1, Франциско Оливеира 3, Петковски 6, Д. Митев, Савревски
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 16 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Тајник 3, Борзаш 5, Пет. Атанасијевиќ, Пешевски 3, Хаџиќ, Петровиќ, Пав. Атанасијевиќ 3, Манасков 6, Цехте, Радивојевиќ 2, Костески 3, Ѓорговски, Хосни 4
Седмерци: 8/6
Исклучувања:: 6 минути

Во последното одлучувачко коло Еурофарм Пелистер в сабота гостува во Скопје против Вардар 1961, во натпревар во кој влогот е шампионска титула.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДенот во 60 секунди – Нови 166 милиони денари за 47 проекти се доделуваат за развој на најмалку развиените региони, Владата ја зголемува поддршката за самовработување до 7,000 евра, а за млади до 10,000 евра
Следно соопштениеПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година