РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер надигран во „Шпаркасен Арена“ во Алборг

63
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер надигран во „Шпаркасен Арена“ во Алборг

Алборг – Еурофарм Пелистер 38-23 (18-10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз и во вториот натпревар во Лигата на шампионите, прв на гостински терен.

Минатата седмица битолчани беа надиграни од Колштад во Битола, додека вечерва не можеа ништо да направат во Данска против Алборг. Амбициозниот домашен тим славеше со 38-23.

Влах со седум голови беше прво име во таборот на победникот, додека Петровиќ постигна исто толку погодоци за битолчани.

Ракомет
Лига на шампиони – А група (второ коло)

Алборг – Еурофарм Пелистер 38-23 (18-10)

„Шпаркасен Арена“ – Алборг. Гледачи. 5.072
Судии: Андреу Марин Љоренте и Игнасио Гарсија Серадиља

Алборг:
Норстен, Ландин 2, Нилсон 4, Ларсен 1, Бартолд 1, Халд 3, Хоксер 2, Турин 3, М. Ларсен 1, Влах 7, Бјорнсен 2, Мелгард, Антонсен 2, Јул 3, Хансен 5, Мунк 2
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Кизиќ, Лесјак, Сехте 2, Кузманоски 3, Тајник 4, Кисум, Боразш 1, Танкоски, Костески 2, Нилсен, Петровиќ 7, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пешевски 2, Стевановиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 8 минути

Во наредната рунда Еурофарм Пелистер следната среда го дочекува Кил.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФијаско на неколкугодишната кампања на СДС дека Груевски управува со ВМРО-ДПМНЕ, нервоза во СДС
Следно соопштениеПХВ недела