РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер обезбеди финале на „Купот на пријателството“ во Болу

11
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер обезбеди финале на „Купот на пријателството“ во Болу

Еурофарм Пелистер – Чеховски Медведи 26-25 (12-15)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во финалето на „Купот на пријателството“ во Болу, Турција. Екипата на Бранислав Ангеловски, носена од голманите и младите сили, одигра феноменален финиш и од -5 стигна до победа против Чеховски Медведи од 26-25 (12-15).
Битолчани имаа одличен почеток и крај на натпреварот и со тоа ги надополнија лошите периоди во централната фаза. Бранислав Ангеловски им даде шанса на скоро сите ракометари (освен Тајник и Цикатиќ), што е дел од планот за воигрување на турнирите во месец август.

Богдан Радивојевиќ со десет гола и без промашување беше прво име меѓу стрелците. Манасков, Борзаш и Пешевски постигнаа по три погодоци. Кај Чеховски Медведи се истакна Фурцев со пет и Котов со четири гола.

Противник на Еурофарм Пелистер ќе биде Мешков Брест.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСе повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДС да манипулираат, тие се заложници на ДУИ и уцените на Ахмети
Следно соопштениеИзвестување – Ракометна Федерација на Македонија