РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер пак ќе ја претставува Македонија во младинската Лига на шампионите

33
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер пак ќе ја претставува Македонија во младинската Лига на шампионите

Актуелениот кадетски шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер -генерацијата 2008, продолжува да гради своја европска репутација со учество во Лигата на шампионите, најелитното клубско ракометно натпреварување за млади во Европа. Ова е потврда за посветеноста, дисциплината и високото ниво на работа на младите ракометари и стручниот кадар на клубот.

Минатата сезона, генерацијата 2006 го постигна најголемиот успех на македонска младинска екипа на европската сцена, пласирајќи се на завршниот турнир во Келн и влегувајќи меѓу најдобрите четири тимови во Европа. Овој резултат постави високи стандарди за следните генерации и инспирација за сегашната кадетска екипа.

Генерацијата 2008 ја продолжува оваа успешна традиција, претставувајќи го РК Еурофарм Пелистер, градот Битола и Република Македонија на највисоко европско ниво. Клубот континуирано инвестира во младинските категории, градејќи силна база за идни ракометни шампиони и унапредувајќи го угледот на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеССКМ: ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Гарабаја: Ова беше сосема поинаков пораз од претходниот во Сегедин