РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед е „меч на неделата“ во Лигата на шампионите

50
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед е „меч на неделата“ во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги објави следните четири натпревари кои ќе бидат „меч на неделата“ во Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед од седмото коло во најелитното натпреварување е меѓу таквите специјални натпревари.

Се очекува овој дуел да понуди драма, неизвесност и возбудувања, па не случајно ЕХФ го избра за „меч на неделата“ од 7 коло. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед е закажан за 12 ноември во салата „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.

Пелистерци досега имаат една победа и пет порази, а гостите од Сегед се на биланс од три победи и три порази.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВенко Филипче под менторство на Заев, СДС ја направи петта партија во Скопје и на раб на исчезнување
Следно соопштениеЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД