РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судењето против ПИК Сегед

153
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судењето против ПИК Сегед

РК Еурофарм Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата.

Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРусковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела кои ги извршила и по чија наредба
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ е подготвено да нема техничка влада, само ДУИ со стотици скандали зад себе да нема технички премиер