РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потпиша со најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат

6
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потпиша со најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат

Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.

Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.

Татар, кој е најдобар стрелец во актуелниот шампионат на Словенија, е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНикако да ја научат лекцијата да не лажат СДС, повторно шират невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси
Следно соопштениеДимитриеска Кочоска: Економијата се стабилизира, фактите и бројките ја побиваат паниката на Венко Филипче и СДС