РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потврди дека в недела регуларно ќе се игра натпреварот против Вардар 1961

118
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер потврди дека в недела регуларно ќе се игра натпреварот против Вардар 1961

Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје.

Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 в недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите.

Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот.

Спортски поздрав,
РК Еурофарм Пелистер



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски за случајот „Делчевски ниви“: Уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена
Следно соопштение(ВИДЕО) Важно е да имаме дипломатија со капацитет, законите да важат подеднакво за сите и да нема непотизам