РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер првпат поразен во Битола, одлучи голот на Хориха

63
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер првпат поразен во Битола, одлучи голот на Хориха

Дуелот на големите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 заврши со победа на „црвено-црните“ од Скопје (34-35), така што се е отворено до финишот.

Одлучувачкиот погодок го постигна Дмитро Хориха во последните мигови од натпреварот, oставајќи го немоќен голманот Никола Митревски. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков со десет и Филип Кузмановски со девет погодоци.

Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф – петто коло

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 34-35 (16-17)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Црвен картон: Абутовиќ (Еурофарм Пелистер)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 10, Цехте, Ристевски, Тајник 6, Борзаш, Радивојевиќ 2, Костески, Кузмановски 9, Абутовиќ, Ѓорговски, Пешевски 1, Хосни 3, Пав. Атанасијевиќ 2, Мамдух 1
Седмерци: 15/12
Исклучувања: 6 минути

Вардар 1961:
Фереира, Гогов, Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 1, Родригез 1, Крсманчиќ 11, Танкоски 1, Лазаревски 5, Хориха 7, Срдановиќ 2, Петриќ, Маргели, Ќосевски, Борозан 7
Седмерци: 12/10
Исклучувања: 10 минути

Викендов се играат натпреварите од Купот на Македонија, а плеј-офот продолжува со натпреварот со Тиквеш на почетокот од месец мај.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАпасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите, Левица да одговори како освен сутерен во строг центар на градот стигна и до ресторански локал
Следно соопштениеМерките на Владата за ограничување на маржите даваат позитивни ефекти, потрошувачката кошничка пониска за над 2000 денари