РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер со две моќни партии во Охрид го осигура Ф4 на Купот на Македонија

104
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер со две моќни партии во Охрид го осигура Ф4 на Купот на Македонија

Еурофарм Пелистер обезбеди место на Ф4 турнирот во македонскиот ракометен Куп. Екипата на Бранислав Ангеловски извојува победа во двата натпревари, наутро против Куманово и во вечерниот термин против Охрид. Актуелниот македонски првак на хартија имаше најтешка група и денеска играше директен дуел со Охрид за пласман меѓу четирите најдобри, а гостите од Битола го совладаа домаќинот на турнирот со 25-32.

Првото полувреме беше доста израмнето и Охрид успеа да одговори на темпото кое го наметнаа битолчани, но и во такви услови, „зелено-белите“ заминаа со предност од 16-18 на паузата. Во вториот дел, фаворитот додаде гас и брзо отидоа на плус четири, а потоа на средина на вториот дел заминаа на највисоки плус седум и стана јасно дека Пелистер е вториот патник во полуфиналето.

Ракомет
Куп на Македонија

Полуфиналните на четвртфиналната група 4
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21 (17-12)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Гледачи: 200
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Кизиќ, Цехте, Кузманоски 10, Тајник, Пиечковски 2, Танкоски 2, Радивојевиќ, Кузмановски 1, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 9, Ѓорговски 7, Пешевски, Сери 2, Пав. Атанасијевиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Куманово:
Димитријевски, Радојиќиќ 3, Димитров, Костов 7, Цветковски 3, Благојевиќ, Гамзардија 3, Радичевиќ 1, Симоноски 1, Атанасовски 1, Михајловски, Стевовиќ 2
Седмерци: 4/3
Искллучувања: 4 минути

Финале на четвртфиналната група 4
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-32 (16-18)

Спортска сала „Билјанини извори“ — Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Охрид:
Ѓоргевски, Ристевски, Ојлески 2, Андоноски, Матцуока, Јукиќ 5, Стоилевски, Дрогришки, Пелидија 2, Шипинкоски, Тасески 1, Шафранко 3, Крстевски 1, Орјоканидзе 3, Бојаниќ 2, Цирар 6
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Манасков 4, Цехте 3, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 2, Танкоски, Радивојевиќ 7, Кузмановски 8, Пет. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев 2, Пешевски 3, Сери, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 8 минути

Завршницата на Купот на Македонија се игра на 19 и 20 мај 2024 година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР „КАРПОШ РАПИД 2024“
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 по голема борба загуби во Куп-дуелот во Кавадарци