РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедливо ги однесе бодовите од Неготино

125
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер убедливо ги однесе бодовите од Неготино

Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 17-32 (8-13)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Супер лигата, откако славеше на гостински терен кај Вардар Неготино со 17-32. Битолчани нанижаа неколку победи за зголемена самодоверба пред продолжението на сезоната во Суперлигата и Лигата на шампионите.

Најдобри стрелци кај шампионот беа Петар Атанасијевиќ со осум и Костески со седум погодоци, додека Адамовиќ постигна пет за Вардар Неготино.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – четврто коло

Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 17-32 (8-13)

Спортска сала „Младост“ – Неготино
Гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Вардар Неготино:
Кузев, Кузманов 4, Кериќ 1, Орешков 3, Митевски, Мицев, Ѓорѓев 1, Петров, Адамовиќ 5, Ицев, Михајловиќ 2, Пеовски 1, Јовановски, Миниќ
Седмерци: 2/0
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ. Цехте 2, Борзаш 4, Танкоски 2, Радивојевиќ, Костески 7, Нилсен 1, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 8, Ѓорѓевски 4, Пешевски, Сери 2, Пав. Атанасијевиќ, Стевановиќ 1
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното петто коло Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе го пречека Бутел Скопје.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМлеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело
Следно соопштениеСДСМ инсталираше 450 мегавати од зелена енергија, ДПМНЕ само 18, неспоредливо